Јовановски вели дека никој не сака да понуди решение, превозниците решаваат за нови блокади

Ленин Јовановски во „Само вистина“ на ТВ Канал 5 / 14 март 2022 / фото: Канал 5/принтскрин

Првиот човек на „Слобода превоз”, Ленин Јовановски, кој денеска присуствуваше на продолжението на 19-тата седница на градскиот Совет за советнички прашања, во однос на прашањата поврзани со проблемот на приватните автобуски превозници, рече дека не ги добиле очекуваните одговори. Вечерва ја отстраниле блокадата кај „Мавровка“ и ќе одлучуваат дали утре ќе се продолжи со протестот и на кои локации.

– Дали ќе се продолжи со протестите вака на оваа раскрсница или ќе се прошират ќе зависи од координативното тело на превозниците кои вечерва сигурно ќе одлучува, рече Јовановски.

Сакавме да слушнеме што се планирано околу цела ситуација и кое е излезното решение и каде е проблемот што се создаде за да биде Скопје ставено во една ваква тешка ситуација, додаде тој, и рече дека не гледа ниту, ниту желба дека некој нешто ќе направи во оваа ситуација.

Според него, во неговото 23-годишно искуство со сите градоначалници, до денеска немале ваква ситуација некој да им посочи дека треба да го тужат Градот, бидејќи, како што кажа, сите проблеми што ги имале, ги решавале на маса.

– Сега имаме ситуација кога покрај тоа што никој не сака да седне на маса и да понуди решение, дури нема одговор ни на оние основни прашања што треба да се одговорат и јавноста да ги знае за да и биде појасно зошто сето ова се случува, и како некој планира ова да го реши, изјави тој.

Јовановски информираше дека денеска во „Слобода превоз” и во „Макекспрес” влезена е УЈП и дека тековно се доставуваат документите и податоците од нивното работење да ги има на увид.

Прашан околу тврдењата дека се продаваат билети во автобусите на ЈСП, приватниците, и дали приватните превозници продаваат билети или не тој потврдно одговори дека не продаваат и дека тие информации се без аргументи.

– Ако имаа документ ќе извадеа. Нашите документи се доставени до сите советнички групи во Град Скопје по однос на картичките. Долгот е усогласен и тој е во таа висина заедно со ЈСП и не е спорен, тој постои, истакна Јовановски.

Исто така додаде дека тие ниту задолжиле такви билети, ниту можат да печатат такви билети бидејќи, како што кажа, се тоа е во еден електронски систем контролиран само од ЈСП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот