Јовановски: Самиот факт дека играме во бараж против Италија е огромен успех

ѓоре јовановски
Поранешниот селектор на македонската А репрезентација, Ѓоре Јовановски/Фото: ФК Работнички

Македонската А репрезентација се подготвува за натпреварот во четврток (24 март) против Италија во полуфиналнио натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Нашите најдобри фудбалери се подготвуваат добро, целосно се фокусирани за мечот во Палермо. Свесни дека италијанскиот состав кој е европски шампион има фудбалери кои се квалитетни, избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе се обидат да бидат максимално сконцентирани со цел да дојдат до победа која ќе ги одведе во финалето.

Поранешниот селектор на сениорската селекција, Ѓоре Јовановски вели дека самиот факт дека играме во бараж против една репрезентација која е актуелен европски шампион и четирикратен светски првак претставува огромен успех и за тоа им упатува честитки.

– Ваквите натпревари се најтешки од психолошка гледна точка, затоа што се игра еден натпревар. Мислам дека нашата репрезентација од психолошка гледна точка на некој начин е во подобра улога, од тој аспект нашите фудбалери се малку поослободени, бидејќи ние нема што да загубиме. Се знае дека Италија е главен фаворит и тука е целиот респект.

Тоа што ме изненадува дека познати тренери во Италија како Мурињо, Раниери, па дури и самиот селектор на Италија, Манчини, на ниту еден начин во своите изјави не ја потценуваат нашата репрезентација. Дури и самите репрезентативци по нивните изјави се гледа дека даваат големо значење. Со играњето во овој бараж, имаме голем рејтинг, еден респект и од тренерите и од самите репрезентативци на Италија.

Италијанците дозволија 100% капацитет во Палермо за баражот против Македонија

Не се сомневам во тоа дека нашите фудбалери ќе дадат 100% од своите можности на теренот. Зошто да не, секогаш се случувале изненадувања, чуда на натпреварите. Ние сме докажале дека можеме да бидеме рамноправни против една Италија, Германија и други посилни репрезентации. Пак ќе кажам самиот факт дека играме во мундијалски бараж значи дека поседуваме голем квалитет – ни изјави Јовановски.

Натпреварот помеѓу Италија и Македонија ќе се игра со почеток од 20.45 часот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Главен судија ќе биде Клемен Турпин од Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот