Јовановски денес ќе продолжи со поднесување кривични пријви

Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет”, денеска повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник.

Јовановски на 25 јуни беше во Обвинителството, но тогаш не завршил со поднесувањето на пријавите и записникот останал отворен, по што му закажале нов термин за денеска.

Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски минатата недела изјави дека пријавите се за функционери од државните институции, но и за лица надвор од нив. Притоа, посочи дека кривичните пријави се за дела злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура …

Јовановски во случајот „Рекет” беше осуден на девет години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби седум години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот