Јовановски: Ако не ни се исплати долгот, можна опција е и штрајк со глад

Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“/Фото: Слободен печат

Директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, во вечерашното гостување во „Дневникот“ на ТВ Сител најави можна радикализација на протестот на приватните превозници, како што рече се до решавање на проблемот и исплата на долгот од страна на ЈСП „Скопје“.

Можна опција е и штрајкот со глад посочи Јовановски, но сепак останува на превозниците да одлучат во која насока би се движела евентуалната радикализација на протестите.

„Приватните превозници коленичеа неколку пати пред градското собрание да бидат примени и барем сослушани од градоаначалничката која во предизборието им ветуваше дека ќе биде со нив за секој проблем. Гледаме дека не сака да ги прими. Нема што да бараме некој да не прими ако тој не сака. Бидејќи таа не знае како, и е сплеткана во таква пајажина, од која, сигурен сум дека не може да излезе, нека остави на стручните служби на ЈСП, на секторот за сообраќај и нас како приватни превозници на еден стручен начин да изнајдеме решение како да им се излезе во пресрет на граѓаните. Но, ако градоначалничката нив им се заканува и не им дозволува да контактираат и да ја завршат работата онака како што е предвидена во одлуките и законите тогаш ќе тонеме во еден ваков правец“, вели Јовановски од „Слобода превоз“.

Инаку Министерството за внатрешни работи ја информираше јавноста дека на 5 декември (понеделник), заради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.

Притоа посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на булеварот Илинден и тоа од крстосницата на Илинденска со булеварот Св. Климент Охридски до крстосницата на Илинденска со булеварот 8 Септември. Посебен режим ќе има и кај Црвен крст, на крстосницата помеѓу улицата 11 Октомври и булеварот Кочо Рацин. Исто така, посебен режим ќе има и кај Судска палата, на крстосницата на булеварите Гоце Делчев и Крсте Мисирков .

Важно: Посебен сообраќаен режим на големи крстосници во Скопје заради блокадите на приватните превозници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот