Д-р Јовановска: Жалам за изгубениот млад живот, но не е точно дека се пресечени црева наместо папочна врвка

Викторија Јовановска/Директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство / Фото: Архива на Слободен печат

33-годишна пациентка вчера починала на Клиниката за абдоминална хирургија во Скопје, откако таму била препратена од Клиниката за гинекологија и акушерство. На социјалните мрежи се појавија информации дека на пациентката и биле пресечени цревата наместо папочната врвка, по што „Слободен печат“ стапи во контакт со директорката на ГАК, Викторија Јовановска, која ја извршила операцијата и е посочена како виновник за смртта на младата жена.

– Многу жалам за изгубениот млад живот. Но, не е вистина дека се работи за родилка и дека наместо папочна врвка и биле пресечни цревата. Пациентката дојде на операција поради огромен миом во мала карлица, со рапиден раст во последните месеци. Воопшто не беше лесен случај, пациентката претходно била оперирана од пленоктомија, односно и била извадена слезинката. Јас од човечки побуди, токму поради брзиот раст на туморот ја внесов пациентката на операција во време кога имавме редуциран програм на клиниката, рече во изјава за „Слободен печат“ директорката на ГАК, Викторија Јовановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот