Јовановска: Нема простор за паника кај трудниците, немаме податок за лош исход на заразени бремени пациентки

Викторија Јовановска, директорка на Клиниката за гинекологија во Скопје во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за третирањето на трудниците во услови на коронавирус, како и за капацитетите на болниците.

-Трудници со високо-ризична бременост ќе бидат третирани на нашата клиника. Сите останати ќе бидат препраќани во болницата во Чаир. Доколку таму се преполнат имаме посебно изолирано одделени и би ги прифаќале оние трудници кои се суспектни за Коронавирусот. Имаме одвоен персонал кој ќе работи со нив, рече Јовановска.

Таа истакна дека нема простор за паника, бидејќи процентуално во светски рамки, мал е бројот на заразени трудници.

-Нема простор за паника кај трудниците, бидејќи во светски рамки имаме многу мал процент на заразени трудници и немаме податок за лош исход на пациентки кои биле во бременоста. Податоците и од Кина и од Италија покажуваат дека немало никакви компликации кај заразените трудници, изјави Јовановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот