Јовановска: Економскиот директор ме деградира бидејќи не му потпишав за вработување на неговите советници

Стручната директорка на Клиниката за гинекологија Викторија Јовановска вели дека економскиот директор Валон Беља ја обвинува за криминал со јавните набавки, односно набавка на скапи лабораториски тестови,  бидејќи таа во изминатата недела не сакала да ги потпише договори за вработување на неговите двајца советници.

-Сите набавки се потпишани и од страна на економскиот директор, ако не биле економски оправдани не требало да ги потпише туку можел да ги стопира – рече Јовановска.

Таа најави дека ќе го тужи Беља за нарушување на угледот и чест.,

-На оваа клиника сум 20 години, сега сум директор уттре нема да бидам но нема да дозволам да ме деградираат и да ми го нарушуваат угледот – рече Јовановска.

Стручната директорка вели дека земени се најдобрите тестови и дека тие се користат и на Клиниката за детски болести, како и на Инфективната клиника.Јовановска појасни дека овие тестови се наменети за предвременородените бебиња кои се борат за живот, кои тежат помалку од еден килограм и не треба да им се земаат големи количини на крв. Овие тестови рече Јовановска се сензитивни 99 отсто за разлика од другите чија сензитивност е околу 30 отсто. Со тестовите се утврдува дали во организмот на детето има некаква патогени микроорганизми кои може да им направат инфекција и сепса.

Раководителката на Одделението за интензивна нега на предвремено родени бебиња Елизабета Петковска објасни дека ако на овие бибања им се земе два милилитри крв, како што се бара со други анализи, со тоа им се земаат 20 отсто од крвта и се носат кон вештачка анемија што потоа им создава и други здравствени проблеми. Дополнително им се прават и други анализи.

-Со овие анализи за еден час добиваме резултат за тоа каква бактерија има бебето и веднаш добивате информација за тоа на кои антибиотици таа е сензитивна. Не чекаме што е многу важно – објасни Петковска.

Таа потенцираше дека заради овој апарат смртноста на овој оддел од 15 отсто минатата година во првите пет месеци на оваа е падната на 6 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот