Јовановиќ: СДСМ ќе формира влада базирана на една албанска партија

Нема дилема дека СДСМ е во пол-позиција, но тоа не значи дека со сигурност ќе формираат нова влада и тоа не значи дека тој процес ќе оди лесно. Ќе им биде потребно да соработуваат или со ДУИ, што ќе биде прилично незгодно поради изборната кампања и препукувањата или со Алијанса за Албанците и да најдат уште некои пратеници, што ќе биде повторно прилично незгодно“, изјави универзитетскиот професор, Бранимир Јовановиќ за ТВ Телма во емисијата „Топ тема“.

Според него, нема да биде лесно од ниедна гледна точка.

-Јас мислам дека сепак СДСМ ќе формира влада базирана на една албанска партија. Лошото во таа опција е што ќе биде базирана на тенко мнозинство од 60 и нешто пратеници. Таа влада нема да биде стабилна и затоа ситуацијата не е оптимистичка- вели Јовановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот