Јовановиќ: Неизвесноста во секојдневието на прекаријатните културни работници станува далеку поизразена (ВИДЕО)

Од денеска 11 јуни до 18 јуни, почнува онлајн изложбата „Да бидеме заедно, додека сме разделени“ во организација на Културно-социјалниот простор Центар – Јадро. Станува збор за групна изложба на уметниците Иван Ивановски, Симона Манчева, Дарко Алексовски, Доротеј Нешовски, Елена Чемерска, Зорица Зафировска и Никола Узуновски.

Куратор е Јованка Попова, а координатор на проектот Ѓорѓе Јовановиќ.

„Во време на оваа новонастаната ситуација неизвесноста во секојдневието на прекаријатните културни работници станува далеку поизразена. Честопати сме разочарани од немањето слух за нашите политички барања, а надежта треба да ја најдеме единствено во фактот што се имаме едни со други“ велат од „Јадро“.

-Кризата го смени текот на настаните и се прилагодуваме на новонастаната ситуација. На нашата ФБ страница секојдневно ќе претставуваме еден автор. Во време на оваа ново настаната ситуација неизвесноста во секојдневието на прекаријатните културни работници станува далеку поизразена. Честопати сме разочарани од немањето дослух за нашите политички барања, а надежта треба да ја најдеме единствено во фактот што се имаме едни со други. Она што не можеме да го добиеме од државата, работодавецот, синдикатот, го бараме еден кај друг. И го наоѓаме. Покануваме седум малди автори кои преку своите дела ќе проговарат за видиливите и скриените нееднаквости во општеството, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Ѓорѓе Јовановиќ, за онлајн групната изложба „Да бидеме заедно додека сме разделени“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот