Јовановиќ: Не смееме да го предадеме мандатот во овие несреќни фигури на ВМРО-ДПМНЕ

Политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ во „Само вистина“ истакна дека е неопходен ветинг за земја која сака да биде дел од европското семејство.

-Се сложуваат сите во политичките елити и граѓанскиот сектор дека правдата во Македонија доцни. Кој ќе ја донесе таа правда? Бог? Сепак, мора да има ветинг во самите институции во обвинителството. 30 години нешто кога сте го труеле, односно секој кога бил некој на власт си поставувал свои судии и обвинители и така ја исполнувале власта. И сега наеднаш, ако сакате да бидете членка на ЕУ, мора да се направи сериозен ветинг, да се испитаат сите обвинители поради коруптивните процеси“, рече Јовановиќ и додаде дека ако се обидеме да ја рушиме оваа влада, повторно ќе влеземе во самораспаѓање.

-Не смееме да го предадеме мандатот во овие несреќни фигури на ВМРО-ДПМНЕ, кои што се полуартикулирани, кои што немаат јасна свест, ниту за НАТО, ниту за Европа и немаат јасна стратегија, каде треба да се движи оваа земја, изјави Јовановиќ.

Грчева: Гласаа клиентите на трите големи партии, ВМРО-ДПМНЕ е патрон на Левица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот