Јовановиќ: 7 прашања кои ме мачат за четвртиот пакет економски мерки

Професорот Бранимир Јовановиќ на својот Фејсбук профил го искоментира четвртиот пакет на економски мерки воведен од Владата и истакна 7 прашања поврзани со него.

„7 прашања кои ме мачат за четвртиот пакет економски мерки.

1. Зошто поддршката за плати повторно ќе се дава преку фирмите, наместо да се дава директно на работниците, и дали повторно ќе видиме како овие пари завршуваат кај газдите на фирмите наместо кај работниците?

2. Дали еден од условите за добивање на оваа поддршка ќе биде фирмата да немала висока добивка во претходната година, или повторно најмногу пари ќе добијат „Систина“, „Брако“, кладилници, казина и фирми од зоните кои не плаќаат даноци?

3. Зошто на загрозените граѓани повторно им се даваат само платежни картички од 6.000 денари, наместо да се вклучат во постојниот систем на социјална заштита и да добиваат поголема поддршка на подолг период?

Прочитајте и...  Таравари: Ако на локалните избори ДУИ коалицира со СДСМ, ние ќе коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ

4. Зошто од 470-те милиони евра, колку што е целиот пакет, за загрозените граѓани се само 27,6 милиони евра преку платежни картички, односно само 6%?

5. Зошто во пакетот нема мерка за купување таблети за учениците кои немаат услови за онлајн настава, кога за тоа би биле потребни околу 5 милиони евра, односно, 1% од целиот пакет?

6. Зошто нема мерка за поддршка за онлајн продажба и онлајн работење на самовработените и малите фирми?

7. Колкава буџетска дупка ќе се направи со сите најавени даночни намалувања и како таа ќе се покрива?“, напиша Јовановиќ.

7 прашања кои ме мачат за четвртиот пакет економски мерки1. Зошто поддршката за плати повторно ќе се дава преку…

Publiée par Branimir Jovanovic sur Lundi 28 septembre 2020

Поврзани вести

ВИДЕО: Панична реакција на премиерката на Исланд, среде интервју стресе земјотрес

Слободен печат

Брнабиќ со застрашувачка вест за Србија: Само вечерва имаме 400 заболени со ковид-19

Слободен печат

Видео: Енормно високи бројки на заразени во Франција

Слободен печат

Поради „постојана кашлица“: Меланија Трамп се откажа од патување во Пенсилванија

Слободен печат

Бугарски медиуми: Претседателот Радев во самоизолација по контакт со заразен со ковид-19

Слободен печат

Бучковски: Бугарија ќе направи историска грешка ако ја блокира нашата земја на европскиот пат

Слободен печат

Остави Коментар