Јованоски: Информирање преку официјалните институции за да нема дезинформации

Фото Архива

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски денеска ги демантираше и ги нарече дезинформации на социјалните мрежи за, како што рече, неговиот наводен контакт со некој од вработените во ПЗО „Ортомедика” во Прилеп каде има потврдено позитивен случај.

– Во последните 15-ина дена воопшто се немам сретнато со никој од вработените во оваа здравствена организација. Со најголема индигнација ги отфрлам ваквите дезинформации кои „кружат” овие два дена. Веднаш по потврдувањето на случајот, согласно со препораките на надлежните служби, амбулантата е затворена, а останатиот медицински персонал е во самоизолација. Јас како доктор, а пред сѐ како одговорен и совесен граѓанин сум целосно свесен за опасноста по здравјето граѓаните од непочитувањето на мерките и на препораките, а во таа насока, како градоначалник, дури иницирам донесување мерки за локална превенција од корона вирусот, изјави Јованоски.

Јованоски информираше дека на Инфективното одделение се четворица пациенти од кои три се позитивни на корона вирус, а за четвртиот се чекаат резултати.

Инаку во изолација се 171 граѓанин, а ноќеска полицискиот час го прекршило едно лице.

Прилепскиот градоначалник Јованоски апелира граѓаните да се информираат исклучиво од претставници на официјалните институции.

– Да не ги стигматизираме заразените со корона вирусот, како и сите оние кои се наоѓаат во самоизолација. Да им дадеме поддршка во справувањето со оваа болест, затоа што тоа на секого може да му се случи, истакна Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот