Јованчевски: Во три дена на едно место- музика, книжевност, филм, театар

Третото издание на фестивалот „Арт ареа“ ќе се одржи од 24 до 26 јануари во „Кино култура“ со програма што содржи саем на книги, концерти, кинопроекции, театар на сенки и книжевни муабети.

-Ние произлегуваме од доменот на издаваштвото и стожерен ни е тој мал јануарски саем на книгата, меѓутоа околу него сакаме да ги врземе тие групи публика или луѓе од културата којшто се зачипчени или следат само одредени тенденции од културата- вели во телефонско јавување на „Утрински брифинг“, Андреј Јованчевски организатор на фестивалот „Арт ареа“.

Фестивалот „Арт ареа“ ќе се одржува во Кино Култура.

-Да речеме луѓето одат само на филм, се држат строго за литература или до концерти. Овие две минати изданија скромно, но успешно, ја постигнаа таа цел да ја пресечат оваа публика, а се разбира уште поважно да ги пресечат и интересите на авторите што дејствуваат во различните домени, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Андреј Јованчевски, организатор на фестивалот „Арт ареа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот