Јована Јаневска: Младите треба повеќе да знаат за современата македонската литература (ВИДЕО)

Младата писателка Јована Јаневска има издадено два романи „Малата музичка кутија“ (2017) и новиот „Записи“ (2020). Таа истовремено студира медицина и работи како медицинска сестра и била ангажирана како дел медицинските екипи кои се грижеа за луѓето во државен карантин.

За тој период вели дека бил големо животно искуство за неа.

„Цел живот се барам помеѓу две сфери: пишаниот збор и медицината. Не можев да го одберам едното и да го оставам другото и решив да се занимавам напоредно и со двете. Меѓутоа, да се решите на таков чекор во Македонија, тоа значи дека треба да сте подготвен да водите двоен живот.

Без оглед на тоа, мислам дека вреди, иако македонските писатели живеат од симболични хонорари и мали тиражи. Сметам дека младата популација кај нас недоволно ја вреднува македонската литература и е повеќе насочена кон странската литература. Мислам дека тука може многу да се работи, не е грешката кај младите поради тоа што нашата литература не е доволно експонирана.

Треба да се најде начин да се допре до младите и затоа сум поддржувач на е – библиотеки и електронски изданија на книгите“, вели Јаневска во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот