Јосипа Лисац ќе добие кривична пријава за начинот на кој ја испеа хрватската химна! (ВИДЕО)

Хрватската пејачка Јосипа Лисац заработи кривична пријава поради начинот на кој ја изведе националната химна на инаугурацијата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Наводно Јосипа химната на Република Хрватска  ја извела на подбивен и омаложувачки начин, што претставува кршење на угледот на земјата. Јосипа за време на интерпретацијата користела подбивни артикулации и тоналитети.

– Не сакам внимание од медиумите. Тоа го направив како адвокат и како граѓанин. Сметам дека тоа е исмејување и не соодвестува за никаков настан, а не пак за инаугурација на новоизбраниот хрватски претседател – изјави адвокатот Бошко Жупановиќ кој всушност ја поднел кривичната пријава.

Слушнете ја изведбата на Јосипа Лисац:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот