Јосифовски: Во нашите кафеани нема кој да работи

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Состојбата со персонал за работа во угостителскиот сектор е алармантна, вели Здравко Јосифовски, претседател на Независната угостителска комора. Тој вели дека квалификуваниот кадар масовно заминува да работи во странство.

– Набргу може да дојдеме до состојба да почнеме да ги затвораме рестораните и кафулињата затоа што нема да има кој да работи. Ова стана многу сериозен проблем, а колку за илустрација, еве еден пример за тоа што сега се случува во секторот угостителство. Ако минатата година, во овој период,  на еден до два огласа за работа во угостителството се јавуваа по 50 до 100 луѓе, сега нема ни 15, но главно тоа се луѓе без квалификации за угостителството – објаснува Јосифовски.

Тој вели дека според неговите сознанија, речиси нема угостителски локал во кој барем еден вработен не дал отказ со образложение дека оди да работи во странство.

Најмногу персонал во туристичко-угостителскиот сектор бара Хрватска. Според овдешните огласи за вработување со посредници, нето-платите таму се околу 700 евра со вклучено сместување и храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот