Јорданскиот министер за здравство поднесе оставка поради смртни случаи во болница

Земање брис / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Јорданскиот министер за здравство Назир Обејдат поднесе оставка откако најмалку шест пациенти починале во болница во близина на главниот град Аман, поради прекин во снабдувањето со кислород, јавија јорданските државни медиуми.

Премиерот Бишер ал-Хасаун нареди истрага за болницата Солт, 20 километри северно од Аман, и наводно побарал оставка од министерот за здравство Обејдат. Весникот „Раи”, кој се смта за близок до власта, потврди дека Обејдат поднел оставка.

Сè уште не е јасно што предизвикало прекин во снабдувањето со кислород. Дефектот ги погодил единицата за интензивна нега, породилишта и одделенија за коронавирус.

Јордан, земја со 10 милиони жители, се бори со нагло зголемување на бројот на заразени со коронавирусот и смртни случаи, и се соочува со тешкотии во обидот да набави вакцини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот