Јордан им дозволи на Американците да го користат воздушниот простор за соборување ирански ракети

фото: Ројтерс

NBC, повикувајќи се на американски и јордански функционер, објави информација дека Американците добиле дозвола од Јордан да го користат воздушниот простор за да соборат евентуални нови ирански ракети.

Според различни податоци, официјален Техеран вечерва истрела близу 200 ракети кон Израел, а како што пренесува NBC, Јордан им дозволил на американските сили да го користат воздушниот простор на земјата за соборување ирански ракети.

„Ние ќе го сториме истото ако која било ракета го премине нашиот воздушен простор“, рече јорданскиот претставник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот