Јончевски: Доколку системот функционира, реално е да се најдеме во Суперлигата

Тренерот на КК Гостивар, Александар Јончевски/Фото: kfsm.mk

Денеска кошаркарскиот клуб на Гостивар ќе го игра првиот натпревар од Првата македонска кошаркарска лига на гостински терен во салата „Јасмин“ во Кавадарци против Еуро Никел 2005 со почеток од 18.00 часот.

Тренерот на КК Гостивар, Александар Јончевски вели дека очекувањата на екипата се секогаш да се покаже во најдобро светло.

– Задоволен сум како момците го прифатија начинот на работа, почитувањето на принципите за сето тоа донесе еден систем кој ќе функционира во текот на целата сезона.

Многу битно е да нема повреди и заболени кои би ги оддалечило од посакуваната форма. Очекувањата се секогаш КК Гостивар да се покаже во најдобро светло.

Особено доколку биде овозможено истото пред домашна публика. Доколку се почитуваат принципите и системот функционира, многу е реално да се најдеме во горниот дел од табелата односно Суперлига. А таму би одлучувале детали – вели Јончевски.

Симиќ: Не бркаме шампионски титули, очекувам пласман барем во првите шест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот