Јоланда Хадид објави нова фотографија од нејзината внука

Мајката на моделот Џиџи Хадид, Јоланда навистина ужива во нејзината нова улога. Гордата баба на својот Инстаграм профил по фотографиите на кои го допира трудничкиот стомак на нејзината ќерка, сега објави фотографија од својата едномесечна внука.

 

Instagram

 

Помина еден месец откако манекенката Џиџи Хадид и пејачот Зејн Малик станаа родители за прв пат. Нејзината мајка Јоланда, која сега стана баба, постојано ја споделува среќата со своите обожаватели.

 

Instagram

 

На својот Инстаграм профил објави фотографија на која не се гледа малото девојче, туку само нејзината рака која „ѕирка“ од белото џемперче и нежно ги стиска прстите на својата баба.

 

Instagram

 

Моето срце е исполнето со толку многу љубов и радост за ова мало девојче, таа е ангел кој ни е испратен од небото… Ви благодарам мама и тато што ме направивте баба, уживам во секоја минута“, напиша Јоланда.

 

Instagram

 

Џиџи и Зејн Малик се заедно од 2018 година. Иако во март 2018 година секој од нив тргна по својот пат, сепак, во јануари 2020, тие одлучија да ѝ дадат втора шанса на својата љубов, а само три месеци подоцна открија дека очекуваат бебе.

 

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Славната манекенка поголемиот дел од бременоста го криеше од јавноста, уживајќи во најубавите моменти далеку од очите на јавноста, и дури на 23 септември ѝ потврдија на јавноста дeка се родило нивното прво дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот