Joкиќ повеќе не е фаворит за МВП наградата

Лошите резултати на Денвер во последниот период влијаеа и на трката по МВП наградата на Никола Јокиќ кој повеќе не е водечки на листата.
Фаворит за МВП наградата во овој момент е кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид. После одличните настапи, екипата од Колорадо во финишот од регуларниот дел почна да паѓа во формата и врза четири порази во низа, лошата серија ја прекинаа во последната вечер против Детроит.
Претходно запишаа порази од Чикаго, Сан Антонио, Бруклин и Торонто, па така и Јокиќ падна на второто место за престижното признание.
Од друга страна Филаделфија предводена од Ембид нанижа шест победи, па Ембид изби на врвот. На третото место сега е Јанис Антетокумпо, четврти е Лука Дончиќ, потоа следат Домантас Сабонис, Џулиуис Рендл, Шаи Џулиос-Александер, Џејмс Харден и Девин Букер.
https://t.co/wWGNmWnCY9’s updated MVP Ladder:
1. Joel Embiid
2. Nikola Jokic
3. Giannis Antetokounmpo
4. Jayson Tatum
5. Luka Doncic
6. Domantas Sabonis
7. Julius Randle
8. Shai Gilgeous-Alexander
9. James Harden
10. Devin Booker— NBACentral (@TheNBACentral) March 17, 2023