Јокиќ за ново НБА „чудо“, Адетокумпо ги запре „биковите“! (ВИДЕО)

фото:твитер

Српскиот интернационалец не делуваше како кошаркар кој може да го предводи Денвер против расположените гости од Бруклин.

Во еден момент на семафорот стоеше вкупно 16 разлика за Нетси, но на крајот домаќините направија целосен пресврт.

Еден од најзаслужните за овој триумф на Нагетси беше центарот Никола Јокиќ со 18 поени, 10 скокови и три асистенции.

Милвоки беше подобар од Чикаго (124:115), Јанис Адетокумпо уфрли 38 поени и 16 скокови, додека Ерик Бледсо реализираше 31 поен за победничката екипа.

Во триумфот на Њу Орлеанс над ЛА Клиперси (132:127), најдобар кај Пеликанси беа Холидеј со 36 поени и Фејворс кој запиша „дабл-дабл“ (по 20 поени и скокови).

НБА, резултати –

Кливленд Кавалирс-Мајами Хит 97:108
Милвоки Бакс-Чикаго Булс 124:115
Њу Орлеанс Пеликанс-Лос Анџелес Клиперс 132:127
Њујорк Никс-Далас Маверикс 106:103
Феникс Санс-Атланта Хокс 128:112
Денвер Нагетс-Бруклин Нетс 101:93

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот