ЈОКИЌ ЗА ИСТОРИЈА: Еден од најголемите пресврти во НБА лигата! (ВИДЕО)

twitter.com/NBANewsNow247

Денвер славеше над Филаделфија со 100:97 во еден од најинтересните натпревари доцна синоќа во НБА лигата, а херој на Нагетси беше српскиот интернационалец Никола Јокиќ.

Ова е дефинитивно еден од најголемите пресврти на Денвер Нагетс во својата НБА историја, со негатива од дури „минус 21“ во последната четвртина.

Претходно објавивме дека Хрватот Бојан Богдановиќ со звукот на сирената донесе голем триумф на Јута, а сега нешто слично се случи на дуелот одигран во „Пепси“ Центар Арената.

Никола Јокиќ беше херојот, иако неговиот Денвер имаше негатива од дури 20 поени, но на крајот успеа да направи пресврт и стигне до победа.

Српскиот центар постигна кош за победа во последните секунди од средбата, на крајот запиша 26 поени, 10 скокови и шест асистенции. На спротивната страна Џоел Ембид беше најдобар со 19 поени и 15 скокови.

Моментно во Западната конференција Нагетси се наоѓаат на второто место (6-2), зад Лос Анџелес Лејкерс (7-1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот