Јокиќ во најдобрата петорка сезонава во НБА лигата – Слободен печат
КошаркаСпорт

Јокиќ во најдобрата петорка сезонава во НБА лигата

Пет имиња кои имаа одлични перформанси во најсилната кошаркарска лига на светот, српскиот интернационалец Јокиќ со големо признание.

Првата петорка ја пополнуваат Јанис Адетокумбо, Стеф Кари, Џејмс Харден, Пол Џорџ и Никола Јокиќ.

Во втората петорка се наоѓаат Кајри Ирвинг, Демијан Лилард, Кавај Ленард, Кевин Дурент и Џоел Ембид, а во третата Кемба Вокер, Расел Вестбрук, Блејк Грифин, Лебон Џејмс и Руди Гобер.

Најмногу гласови за првата петорка имаа Адетокумбо и Харден по 500 бодови. Јанис за прв пат се најде во првата петорка, Харден вкупно петти пат, а трет пат по ред.

Кари доби 482 бодови, следува Џорџ со 433, а српскиот интернационалец Јокиќ освои 411.

Фантастична сезона имаше Јокиќ кој беше лидер на Денвер Нагетс со кој стигна до полуфиналето на Западната конференција. Настапуваше и на Ол-стар мечот, во просек имаше 20.1 поен, 10.8 скокови и 7.3 асистенции.

Воедно Адетокумбо, Харден и Џорџ се тројцата финалисти во изборот за наградата МВП во НБА лигата, а победникот ќе го дознаеме на 24 јуни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close