Јокиќ: Со победи над Македонија и Австрија со една нога сме на ЕП

фото: nzs.si

Репрезентативците на Словенија во одлична атмосфера го очекува дуелот со Македонија на Националната Арена „Тодор Проески“ во квалификациите за пласман на ЕП 2020.

Словенија во последните три кола остварија три триумфи, против Летонија (0:5), Полска (2:0) и Израел (3:2) со ко дојде до втората позиција на табелата со 11 бодови со што атмосферата во наредниот противник на Македонија е на највисоко ниво.

Капитенот Бојан Јокиќ смета дека со евентуални триумфи над Македонија и над Австрија, неговата репрезентација ќе биде со едната нога на ЕП 2020.

– Имавме добри настапи во септемвриските квалификации. Не очекуваат два важни натпревари против Македонија и Австрија. Доколку триумфираме на двата натпревари тогаш со едната нога сме на ЕП, поточно 70 проценти ќе ни биде завршена работата. Македонија има добар тим, можеби ова нивниот најдобар во последните десет години и не е лесно да се игра против нив. Немаат освоено толку многу поени, иако играа добро. Треба сериозно да се сфати противникот – изјави Јокиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот