Јокиќ потврди: Нема да игра за репрезентацијата на Србија!

Денвер се врати на победничките патеки во НБА лигата/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Центарот на Денвер нагетс и МВП во НБА лигата оваа сезона, Никола Јокиќ, нема да игра за репрезентацијата на Србија на претстојниот квалификациски турнир, ниту на Олимписките игри што следуваат.

Најкорисниот играч во најсилната кошаркарска лига на светот, Јокиќ со жалење ја соопшти својата одлука:

– На мое огромно жалење, ова е моментот кога треба да објавам дека и покрај мојата голема желба, не сум во можност да играм за националниот тим. Едноставно кажано, состојбата на моето тело бара подолго отсуство од теренот за да се опорави. Тоа е ставот и сугестијата на клубот и една неизбежност што морам да ја прифатам. Убеден сум дека момците имаат квалитет да направат резултат без мене, што ќе ни донесе на сите многу радост – се зборовите на Јокиќ за „Танјуг“.

Никола Јокиќ во минатото двапати играше за репрезентацијата на Србија – првпат во 2016 година во квалификациите за Олимписките игри во Рио де Жанеиро, а потоа и на турнирот на Игрите. Србија тогаш освои сребрен медал кога во финалето беше поразен од селекцијата на САД.

Јокиќ по вторпат играше за Србите во 2019 година на Мундобаскет во Кина, кога неговата селекција го освои петтото место, а центарот не беше на нивото на игрите од НБА-сезоната.

Јокиќ не одговори на поканата на селекторот Александар Ѓорѓевиќ за Европското првенство во 2017 година, кога и Србија освои сребрен медал.

ВИДЕО: „Метла“ за Денвер, Јокиќ исклучен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот