Јокиќ го предводеше Денвер до пресврт и триумф над „воините“ (ВИДЕО)

твитер

Вечер на кариерата на Брендон Играм кој му донесе победа на Њу Орленас.

Денвер во текот на натпреарот имаше двоцифрена негатива, но во последната четвртина успеа да направи пресврт и да поведе. Никола Јокиќ во последните моментни од регуларниот дел постигна поени и се избори за продолжение во кое Денвер на крајот дојде до победата од 134:131.
Јокиќ натпреварот го заврши натпреварот со 23 поени, 12 скокови и 8 асистенции, додека најпрецизен беше Вили Бартон со 31 поен.


Орландо меџик не успеа во два дена да ги совлада двата тима од Лос Анџелес. Клиперси со 122:95 го совладаа Орландо, а предводник на победничкиот тим беше Каваи Ленард со 32 поени.

Во дербито на Истокот, Милвоки бакс со 128:123 го совлада Бостон селтик. Јанис Адетокумпо го предводеше Милвоки со 32 поени и 17 скокови, додека на Бостон не му помогнаа ниту 40. поени на Кемба Вокер.


Брендон Инграм постигна рекордни во кариерата 49 поени во победата на неговиот Њу Орлеанс над Јута од 138:132.

Резултати:
Њујорк – Феникс 98:121
Милвоки – Бостон 128:123
Њу Орлеанс – Јута 138:132
Голден Стејт – Денвер 131:134
ЛА Клиперс – Орландо 122:95

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот