Јокиќ: Фантастично да се биде покрај Вилт Чембрлен

EPA-EFE/STEVE DIPAOLA

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, во победата на неговиот тим од 127:98 над Милвоки бакс, оствари нов трипл-дабл со кој влезе во елитна група на кошаркари во историјата на НБА лигата. Јокиќ во победата над Милвоки учествуваше со 37 поени, 11 асистенции и 10 скокови со што дојде до 50. трипл-дабл во кариерата и стана деветтиот играч во историјата на НБА лигата во вакво постигнување и само втор кога станува збор за центрите. Првиот центар кој има 50. или повеќе трипл-дабл остварувања во кариерата е легендарниот Вилт Чембрлен.
– Ова е навистина убаво. Ова е нешто што ќе остане зад мене како наследство. Навистина е убаво, кул, да се биде во група со такви имиња, посебно со еден од најголемите кошаркари на сите времиња – изјави Јокиќ.

За тоа каков успех направи Јокиќ, свесен е и неговиот тренер Мајкл Мелоун.
– Никола има само 25 години, што е неверојатно. Дојде до 50 трипл-дабл остварувња, а има уште 20 натпревари на коии му недостасуваше еден скок или една асистенција за трипл-дабл. Тоа зборува за неговата големина, едноставно никогаш не се заморува – изјави Мелоун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот