Вториот избор на последниот НБА драфт, центарот на Голден стејт вориорс, Џејмс Вајсмен е импресиониран од играта на центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ.
Во меѓусебниот дуел Денвер славеше со 114:104, а Јокиќ оствари трипк-дабл од 23 поени, 14 скокови и 10 асистенции. Дебитантот кој се претстави во одлично издание со 18 поени, призна дека многу научил од дуелите со Јокиќ.
– Човеку, тој е полн со трикови. Гледав постојано да бидам внимателен, но секогаш наоѓаше некое ново решение да ме победи. Сепак учев од него, секоја четвртина бев подобар и како се ближеше крајот така јас подобро одговарав не предизвиците. Не наседнував толку лесно на неговите финти – изјави Вајсмен.