Јокиќ е херојот на Денвер, Нагетси во полуфиналето на Западот (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Денвер се пласираа во полуфиналето од НБА плеј-офот на Западната конференција после победата над Јута со 80:78 во одлучувачкиот седми натпревар.

Клучните поени ги постигна српскиот центар Никола Јокиќ на 27.8 секунди до крајот во дуелот со Руди Гобер.

„Џезерите“ имаа уште доста време да направат и пресврт, очекувано топката дојде до Донован Мичел кој се обиде да израмни, но ја загуби топката и тогаш беа решени сите дилеми околу победникот.

Јокиќ беше на висина на задачата, освен што ги постигна одлучувачките поени, беше и најефикасен на мечот со 30 поени, 14 скока и четири асистенции.

На спротивната страна најрасположен беше Мичел со 22 поени. Нареден противник на екипата на Денвер ќе биде Лос Анџелес Клиперс во конферециското полуфинале.

Бостон со триумфот од 102:99 поведе во полуфиналето на Источната конференција и со 2:0 против Торонто, прв стрелец кај Селтикси беше Тејтум со 34 поени (осум скока, шест асистенции), а за Репторси доминираше Ануноби со 20 поени (седум скока).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот