Јокиќ е голем во поразите, му даде подарок на младиот центар на Феникс кој го елиминира во плеј-офот

epa08671896 Denver Nuggets center Nikola Jokic (R) of Serbia keeps the ball away from Los Angeles Clippers center Ivica Zubac (L) of Croatia during the second half of the NBA basketball Western Conference semifinal playoff game seven between the Denver Nuggets and the Los Angeles Clippers at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 15 September 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Никола Јокиќ својата МВП сезона ја заврши во втората рунда од плеј-офот. Феникс санс со чисти 4:0 ги елиминираа Јокиќ и неговиот Денвер нагетс во полуфиналето од Западната конференција. Јокиќ предвреме го напушти натпреварот бидејќи беше исклучен по грубиот прекршок кој го направи над играч на Феникс.

Една од клучните причини за фрустрацијата на Јокиќ во плеј-оф серијата против Феникс е младиот центар на „сонцата“ Деандре Ејтон.  Младиот Ејтон во серијата против Денвер имаше просек од 14.2 поени и 10.5 скокови по натпревар и одлично го чуваше Јокиќ кој не можеше сам да игра против расположениот противник.
По елиминацијата, Никола Јокиќ покажа колку е голем човек и во поразите и му оддаде призание на Ејтон.
Центарот на Феникс на социјалните мрежи објави фотографија од дресот кој му го подари Јокиќ на на кој напиша „За мојот брат ДЕ, ти си вистинска ѕвер. Продолжи со добрата работа. Џокер“.

Видео на денот