Јокиќ доминираше против шампионот за 40 трипл-дабл во кариерата! (ВИДЕО)

фото: твитер

Српскиот кошаркар продолжи со одличните игри во НБА лигата и беше најзаслужен за триумфот на Денвер против актуелниот бранител на титулата, Торонто.

Нагетси ги совладаа Репторси со резултат 133:118, а Никола Јокиќ за 35 минути на паркетот запиша 23 поени (8/11 од игра, 7/9 од слободните фрлања), запиша 18 скокови и 11 асистенции, како и една украдена топка.

За центарот на Денвер тоа беше 40 трипл-дабл во кариерата, односно 12 оваа натпреварувачка сезона.

Кај листата на стрелците 22 поени имаше Џамал Мареј, а во поразените редови Ануноби реализираше 32 поени (седум скокови).

После поразот од Мемфис Гризлис, Лејкерси им се вратија на победите откако беа подобри на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс со 114:122.

Недоволни кај домаќините беа 35 поени на З. Вилијамсон кој додаде и седум скокови, а за „езерџиите“ најмногу доминираше Л. Џејмс со 34 поени (12 скокови, 13 асистенции).

НБА, резултати –

Шарлот Хорнетс-Милвоки Бакс 85:93
Лос Анџелес Клиперс-Филаделфија Сиксерс 136:130
Минесота Тимбервулвс-Далас Маверикс 91:111
Денвер Нагетс-Торонто Репторс 133:118
Сакраменто Кингс-Детроит Пистонс 106:100
Њу Орлеанс Пеликанс-Лос Анџелес Лејкерс 114:122
Голден Стејт Вориорс-Вашингтон Визардс 110:124

На врвот во Западната конференција се наоѓа составот на Лос Анџелес Лејкерс со учинок од 46 победи и 13 порази, додека на Истокот води Милвоки Бакс 52-8.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот