Јоанис и Данчила во вториот круг на претседателските избори во Романија

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Актуелниот романски претседател Клаус Јоанис освои најмногу гласови во првиот круг на претседателските избор, а во вториот круг негов противкандитат ќе биде лидерката на опозициската Социјалдемократска партија Виорика Данчила, покажаа првичните резултати објавени вечерва, пренесе „Блиц“.

Вториот круг на претседателските избори ќе се одржи на 24 ноември.

Според податоците, Јоанис освоил 28,7 отсто од гласовите, Данчила 22 отсто, додека првиот човек на партијата Спас за Романија Дан Барна имал 16,1 отсто.

Резултатите од изборната комисија се очекуваат утре наутро, а засега е само објавено дека излезноста била 48 отсто, како и дека се забележани рекордни гласови од дијаспората.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот