3.4 C
Скопје

Јоаким Лев останува селектор на Германија

Германија по триумфот на Светското првенство 2014 година се наоѓа во постојан пад, наместо трофеите се редат порази, последниот од Шпанија (0:6) е болен но и тоа не е доволно за селекторот да добие отказ.

Со катастрофалниот пораз од Шпанија, Германците пропуштија шанса да се пласираат на завршниот турнир од Лигата на нации за што и беше доволен и бод.

Во претходниот циклус на Лигата на нации, селекцијата на Германија го освои последното место во групата и не испадна од А дивизијата бидејќи УЕФА одлучи да ја прошири за дополнителни четири селекции.

Претходно на СП 2018 година кое се играше во Русија, Германија како бранител на трофејот испадна уште во групната фаза и тоа за прв пат по ЕП 2004.

И покрај слабите резултати, на Јоаким Лев му се простени сите киксеви и Германската фудбалска федерација (ДФБ) одлучи да го задржи селекторот до крајот на договорот, односно со Светското првенство 2022 година.
Лев исто така ќе ја предводи германската репрезентација и на Европското првенство идната година на кое ќе дебитира и македонската репрезентација.

Прочитајте и...  Кралски куп: Димитриевски против Меси, Барди го доби Ваљадолид

„ ДФБ заклучи дека на патот до ЕП 2021 година се остварени сите важни цели вклучувајќи го пласманот на самото ЕП, опстанокот во најсилната дивизија во Лигата на нации како и задржувањето на носителската улога во пресрет на жрепката за квалификациите за Светското првенство. Поради тоа, Јоаким Лев ја има довербата на Федерацијата“, стои во соопштението на ДФБ.

Јоаким Лев е селектор на Германија од 2006 година, односно веднаш по завршувањето на СП кое се играше токму во Германија и ја предводеше репрезентацијата до титулата светски шампион 2014 година, играше финале на ЕП 2008, и полуфинале на СП 2010 и ЕП 2012 и 2016 година.

Поврзани вести

Енис Барди на терените во „Ла Лига“ после скоро три месеци!

Слободен печат

СП: Ремизираа Шведска и Словенија, пеколна борба за четвртфинале

Слободен печат

ВИДЕО: Шок за „армејците“, Барса пресилна за Црвена звезда!

Слободен печат

Љафтов: Со успехот ќе придонесеме за афирмирање на одбојката, но и целокупно на спортот во Македонија!

Ракометен скандал на СП: Нè гледаа како вирус, како животни, тоа е расизам!

Слободен печат

ВИДЕО: Фантастичен Македонецот, Тричковски со хет-трик за 22 минути игра!

Слободен печат

Остави Коментар