ЈО отвори истрага за недостиг на патни исправи

Македонски пасоши/ Фото: МИА

Обвинителството информира дека собираат релевантни докази за евентуална злоупотреба во МВР, јави Алсат телевизија.

Јавното обвинителство отвори истрага за недостиг од пасоши. Чулев објави дека досието го доставил до Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Обвинителството информира дека собираат релевантни докази за евентуална злоупотреба во МВР, јави Алсат телевизија.

Министерството за внатрешни работи ја затвори телефонската линија којашто се користеше за закажување термини за пасоши. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наке Чулев, вели дека во моментов има околу 3.700 пасоши, кои можат да се издаваат само со посебни барања за итни случаи на граѓаните.

Чулев повтори дека овој проблем го наследил од неговиот претходник во МВР, Оливер Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот