ЈО даде наредба за истражна постапка за убиство во Гостивар

обвинителство ојо

Наредба за истражна постапка за убиство денеска донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар против 33 годишно лице од селото Чегране. Поради опасност од бегство за истиот е побаран и притвор.

Како што соопшти ЈО, осомничениот на 4 јуни на улицата „Илинденска” во Гостивар, во близина на бензинска пумпа, се обидел да лиши од живот друго лице, исто така од селото Чегране.

„По претходен меѓусебен договор да се најдат на наведеното место, двајцата започнале меѓусебна вербална расправија, по што осомничениот извадил нож од џебот и му задал два удари на оштетениот – во пределот на рамото и во задниот дел на главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди. По настанот осомничениот се упатил кон полициска станица, каде што сам се пријавил како сторител нa делото. Поради сериозноста на повредите, оштетениот е префрлен од Ургентниот центар во Гостивар во Клиничкиот центар во Скопје“, се наведува во соопштението на ЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот