ЈК ПРАВИ ПРОБЛЕМИ НАСЕКАДЕ: Целосно соблекла момче, а тоа го гледала свршеницата – потоа настанал ХАОС!

карлеуша
Принтскрин

Пејачката на еден свој настап извела момче од публиката за да танцува со нејзе, но не ни помислила дека тоа може да биде вистински скандал.

На настапот од пред неколку дена во Орашје, таа повикала нејзин обожавател за да танцуваат на песната „Иде маца око тебе“ и почнала да го соблекува. Но, таа не знаела дека момчето слави ергенска вечер. Му ја соблекла облеката и провокативно танцувала, иако тој неколкупати ѝ велел да престане.

На прашањето дали има девојка, тој потврдно одговорил дека наскоро се жени. Но, пејачката како да не обрнала внимание на тоа и продолжила со провокативното однесување.

Но, вистинската драма се случила надвор од клубот. Девојката, која била во публиката, се налутила што нејзиниот свршеник толку се опуштил на сцената. Се карале половина час, а според очевидците, таа заминала расплакана. Некои луѓе кои ги познаваат партнерите се сигурни дека свадбата нема да се одржи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот