ЈК покажа богата трпеза за Божиќ, а коментарот за ајварот победи! (ФОТО)

Instagram

Една од најпознатите пејачки на Балканот не крие дека обожава македонски ајвар!

Јелена Карлеуша заедно со двете ќерки Атина и Ника, тетката Даниела го прослави најголемиот христијански празник – Божиќ.

Поп-ѕвездата со своите обожаватели сподели снимка од богатата божиќна трпеза, но коментарот за ајварот ги насмеа сите.

Фото: Инстаграм

– Сите ние од овој дел на светот знаеме што е ајвар и жалиме што другите не знаат – напишала Карлеуша на објавата на Инстаграм

Како што налагаат православните обичаи, Јелена со семејството за Бадник го кршела лебот со паричка.

– Еве, добив, ауу! Па, се разбира, секогаш парите кај мене. Секогаш! – се пофалила пејачката откако паричката се паднала кај неа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот