Ја предвидел својата судбина пред 21 година: Еве како Родригез знаел дека Џеј Ло ќе му биде вереница! (ВИДЕО)

profimedia

Двегодишната љубов меѓу Џенифер Лопез и Алекс Родригез во март оваа година беше крунисана со романтична веридба на плажа.

Но, некогашниот безбол играч од раните дваесети знаел дека латино дивата му е судена.

profimedia

Имено, Родригез наодамна на Твитер сподели симпатична снимка од далечната 1998 година во која новинарот го прашува со кој би излегол на состанок од соништата…

Верувале или не, на тоа прашање, поранешниот спортист веднаш одговорил:

„Со Џенифер Лопез. Се надевам дека можете да ми средите состанок со неа“, изјавил тогаш Алекс, очигледно предвидувајќи ја својата судбина, на која чекаше две децении.

„Едноставно го имав тоа чувство“, коментираше тој покрај оваа објава, а латино дивата набрзо му одговри: „OMG…Ова е прекрасно!“

Парот се вери во март оваа година, а датумот на свадбата се уште не е познат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот