Ја предвидел својата судбина пред 21 година: Еве како Родригез знаел дека Џеј Ло ќе му биде вереница! (ВИДЕО) – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеЕспресоШоу биз

Ја предвидел својата судбина пред 21 година: Еве како Родригез знаел дека Џеј Ло ќе му биде вереница! (ВИДЕО)

Родригез сподели симпатична снимка од далечната 1998 година во која новинарот го прашува со кој би излегол на состанок од соништата, погледнете...

Двегодишната љубов меѓу Џенифер Лопез и Алекс Родригез во март оваа година беше крунисана со романтична веридба на плажа.

Но, некогашниот безбол играч од раните дваесети знаел дека латино дивата му е судена.

profimedia

Имено, Родригез наодамна на Твитер сподели симпатична снимка од далечната 1998 година во која новинарот го прашува со кој би излегол на состанок од соништата…

Верувале или не, на тоа прашање, поранешниот спортист веднаш одговорил:

„Со Џенифер Лопез. Се надевам дека можете да ми средите состанок со неа“, изјавил тогаш Алекс, очигледно предвидувајќи ја својата судбина, на која чекаше две децении.

„Едноставно го имав тоа чувство“, коментираше тој покрај оваа објава, а латино дивата набрзо му одговри: „OMG…Ова е прекрасно!“

Парот се вери во март оваа година, а датумот на свадбата се уште не е познат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close