Јетон Шаќири потврди дека ќе биде именуван за министер

Јетон Шаќири

Коалициските партнери очекуваат до крајот на неделава да се изгласа и да почне со работа Владата „Заев 2“.

Идниот претседател на Владата, Зоран Заев, сè уште не го сменил составот на кабинетот и покрај несогласувањата во партијата на Ахмети.

ТВ21 дознава дека сè уште нема промени во предлогот на министрите Албанци во новата влада. До утре се очекува да се знае датумот на кој ќе се гласаат новите пратеници и така ќе се одреди и датум за гласање на новиот владин кабинет.

Инаку, ТВ21 контактираше и со предложениот министер за МИОА, Јетон Шаќири, кој потврди дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети го предложил за оваа функција. Коалициските партнери очекуваат до крајот на неделава да се изгласа и да почне со работа Владата „Заев 2“.

Шаќири е професор на Меѓународниот универзитет во Струга, а е избран и во новиот состав на парламентот. Весникот „Коха“ пренесе дека тој е близок на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Главен кандидат за министер за информатичко општество беше досегашната заменичка во Министерството за финансии, Ширет Елези, но таа не доби поддршка во Централниот совет на партијата.

Видео на денот