Јеремиќ: Србија е еднопартиска држава, Владата контролира сè

Претседателот на Народната партија, Вук Јеремиќ изјави дека Србија е еднопартиска држава во која нема демократски поредок и во која Владата контролира сè, вклучително и приватниот сектор и дека со таква влада нема можност до 2030 година да се постигнат целите за одржлив развој на ОН, чие исполнување би значело благосостојба за сите граѓани.

– Надежта може да биде ангажман на инвеститори од Европската унија, САД и Кина со работење во Србија во согласност со постигнувањето на целите на одржлив развој, односно во согласност со општите норми имплицирани во нивните домашни надлежности. Надворешно дипломатско влијание врз подобрувањето на деловните правила во Србија исто така може да биде корисно, рече Јеремиќ во дискусијата на тема „Придонесот на приватниот сектор за одржлив развој во ЕУ и земјите кандидати за членство во ЕУ ​​и Југоисточна Европа”.

Дискусијата, која е одржана преку видео конференција, беше организирана од престижниот американски центар „Козметски”, во соработка со Универзитетот Тексас во Остин. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот