Јеменските Хути повторно нападнаа рафинерија на „Арамко” во Саудиска Арабија

Јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за денешниот напад со беспилотни летала врз рафинерија во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, што предизвика пожар што брзо беше ставен под контрола, соопшти саудиското Министерство за енергетика, пренесе ДПА.

„Рафинеријата во Ријад беше нападната од беспилотни летала, што предизвика пожар што набрзо е ставен под контрола, соопшти Министерството.

Саудиската агенција СПА соопшти дека во нападот нема повредени лица или штети и дека тој не влијаеше врз снабдувањето со нафта.

Хутите во одделно соопштение потврдија дека со шест беспилотни летатала ја нападнале фабриката во Ријад, сопственост на саудискиот нафтен гигант „Арамко”.

Саудиска Арабија го осуди нападот, соопштувајќи дека тој е обид за загрозување на „стабилноста и безбедноста на светското снабдување со нафта”.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија се бори со Хутите во Јемен од март 2015 година, неколку месеци откако бунтовниците го освоија главниот град Сана. Коалицијата ги поддржува владините сили во Јемен, додека Хутите се поддржани од Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот