Јеменска добитничка на Нобеловата награда тврди дека е цел на „напади и кампања“ на саудиските медиуми

Тавакол Карман, истакнатата јеменска активистка за човекови права и добитничка на Нобеловата награда за мир, тврди дека е цел на „напади и кампања” на саудиските медиуми, откако беше избрана да биде дел од новото надзорно тело на Фејсбук.

Карман е една од 20-те лица кои беа избрани да ја следат чувствителната содржина што се објавува на социјалната мрежа и, доколку е потребно, да одлучи за отстранување на материјал од платформата.

– Засега, најважно е дека сум безбедна од пилата што се користеше за да се исече телото на Џамал Кашоги на парчиња, напиша таа на Твитер, алудирајќи на убиството на саудискиот новинар и писател Кашоги во саудискиот Конзулат во Истанбул во октомври 2018 година.

Задачата на новото тело е да донесе одлука за „најпредизвикувачки содржини на Фејсбук, вклучително и оние што спаѓаат во говор на омраза, злоупотреба или заштита на безбедноста и приватноста на корисниците”.

Ова тело, како што е објаснето, ќе донесува конечна одлука дали некоја содржина треба да остане или да се отстрани од Фејсбук и Инстаграм.

Карман стана почитувана за време на арапската пролет во 2011 година, кога беа соборени многу авторитарни лидери во регионот, вклучувајќи ја и нејзината земја Јемен.

Истата година, нејзиниот активизам и учеството во создавање мир беа наградени со Нобелова награда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот