Фото: Инстаграм/Јелена Розга/Иван Хуљиќ

Јелена Розга ја обнови врската со синот на Тончи Хуљиќ, познатиот музичар изјави: „Не би му влегувал во креветот на син ми…“

Хрватската пејачка Јелена Розга веќе некое време е среќна во љубовта, но никогаш јавно не го откри идентитетот на нејзиниот нов партнер. Како што пишуваат регионалните медиуми, наводно, таа ја обновила врската со 11 години помладиот син на музичарот Тончи Хуљиќ, Иван.

Во изјава за српскиот портал „Блиц“, Тончи Хуљиќ неодамна ги прокоментира гласините за љубовниот живот на син му.

„Не би сакал да ‘влегувам’ во креветот на син ми. Јас ги поддржувам ако тоа е нивна среќа, а ако не е вистина – никому ништо“, изјави основачот на легендарната музичка група „Магазин“, во која Розга беше главен вокал долги години.


Иако пејачката се обидуваше да го задржи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, познато е дека хрватските медиуми пишуваа за тоа дека Јелена и Иван биле повеќе од пријатели пред десетина година, но дека нивната врска завршила поради разликата во години.

Дека на својата љубов ѝ дадоа втора шанса и дека се позаљубени од кога било, говори и фактот што емоциите меѓу нив двајца не стивнале и по повеќе од една деценија.

Иван ја поддржуваше Јелена за време на нејзините неодамнешни концерти во белградскиот „Сава центар“, а според медиумите – двете семејства се воодушевени од нивната врска.

„Резултатите ми се лоши, дечко ми цело време е со мене“: Јелена Розга ја откри здравствената состојба по концертите во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот