12 C
Скопје

Јелена Карлеуша: „Сите велат дека сум „пластична“, а имав само операција на градите“.

Српската пејачка Јелена Карлеуша (42) која е член на жирито во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ беше тема на разговор за тоа колку пластични операции има направено на себе.

Гостинка беше и Гоца Божиновска (55), а Јелена ја пофали како изгледа, на што се надоврза Саша Поповиќ кој ја праша Гоца какви се операции направила на себе.

YouTube / Printscreen
YouTube / Printscreen

Велите дека не сте направиле радикални операции, а тоа значи дека сепак сте направиле некаква интервенција – рече Саша. Но, Гоца не сакаше да зборува за тоа.

„Жената не старее, луѓе“, прокоментира Јелена.

YouTube / Printscreen
YouTube / Printscreen

Сепак, тема на дискусија беше изгледот на Јелена Карлеуша.

А што правеше? – ѝ се обрати потоа Поповиќ на Карлеуша – Мислам дека тоа сите нѐ интересира, не само во Србија, туку и пошироко. Ајде да слушнеме какви корекции направила Јелена Карлеуша на своето тело – ја праша тој.

Instagram
Instagram

Никогаш не направив ништо на моето лице, само на градите. Многумина сметаат дека мојот задник не е вистински. Те молам, Ана, кажи им како ми се зголемува кога се поправам и ми се намали откако ослабев – одговори Јелена обраќајќи ѝ се на Ана Бекута.

Како што ослабе, така ослабе и нејзиниот задник. Тоа е доказ дека таа не сторила ништо – се стави во одбрана на Карлеуша Бекута.

Прочитајте и...  ВИДЕО+ФОТО: Животот во „последниот слободен град“ во Америка

– Штом заработам пари, ќе одам до крај за да се оперирам. Секако сите мислат дека сум пластична”, се пошегува на крај Јелена на своја сметка.

Погледнете во продолжение како изгледала Јелена на почетокот на кариерата.

Ова е нејзиниот прв јавен настап.

и едно од нејзините први интервјуа:

Поврзани вести

Бебињата родени во месец март имаат посебни карактеристики: Оптимисти и надежни идни директори на успешни компании

Слободен печат

Кристијан Диор со новата „тарот“ колекција за сезоната пролет/лето 2021

Слободен Печат

„Не се чувствувам добро, хемотерапијата е премногу силна“: Марина Туцаковиќ проговори за проблемите со кои се соочува

Слободен печат

Матичен млеч, комплекс од аминокиселини и протеини: Како правилно да го чувате и употребувате?

Слободен печат

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Слободен Печат

Нова војна во кралскиот дворец: Меган ги обвини Кејт, Камила и Чарлс, се подготвува истрага за злоставување на персоналот!

Слободен печат

Остави Коментар