Јелена Карлеуша по вакцината доби ваучер за шопинг: Со што ќе се поднови пејачката?

Instagram
Instagram

Како една од првите 100 вакцинирани во ТЦ Ушќе, Јелена Карлеуша доби ваучер за шопинг во вредност од 3.000 динари за шопинг во споменатиот трговски центар.

Ваучерот пејачката го предала на нејзиниот близок соработник и менаџер Зоран Бирташевиќ при што изјавила дека таа нема да го користи, туку дека нејзиниот менаџер ќе се погрижи да биде подарен на некого кому му е потребен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Инаку, Карлеуша на местото за вакцинација беше пречекана од директорот на Здравствениот дом „Савски Венац“, Зоран Бекиќ и заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, кои кратко поразговараа со неа откако ја прими првата доза од вакцината „Фајзер“.

Откако ја примила вакцината, пејачката во неформалниот разговор му се доверила на Весиќ дека има поголем страв од репортерите отколку од вакцината.

Таа исто така изјавила дека вакцинацијата е одраз на општествената одговорност и почит кон здравствените работници.

ВИДЕО+ФОТО | Се вакцинираше Јелена Карлеуша: За која вакцина се одлучи пејачката?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот