Јелена Карлеуша конечно откри која е причината што Душко Тошиќ ја избриша од Инстаграм!

Фото: Инстаграм

Разводот на Јелена Карлеуша – е еден од најбараните термини на „Гугл“. Пејачката и фудбалерот минатата година имаа бројни проблеми, но тоа не влијаеше значително на нивниот брак. Сепак, јавноста се интересираше за нивниот развод кога Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша престанаа да се следат на социјалните мрежи и да објавуваат заеднички фотографии.

Јелена Карлеуша никогаш не го спомна разводот јавно. Душко и таа живеат во заедничка вила на Дедиње, но често се разделуваат поради неговата работа. Душко поминува поголем дел од годината во Кина, додека Јелена своето време го посветува на нивните ќерки.

View this post on Instagram

Good morning world! Let’s get it!?

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Сепак, кралицата на „шоу-бизнисот“ повремено ја скокотка фантазијата на публиката со изјава или провокативна фотографија. Во последно време нејзините провокативни изданија станаа почести, а Јелена откри дека токму тоа е причината што Душко повеќе не ја следи на „Инстаграм“.

„Тој одамна одлучи дека не сака да гледа што објавувам на „Инстаграм“. Не сака да знае, не сака да гледа. Ме запозна како скромна домаќинка која никогаш не се облекуваше провокативно и тогаш се случи неверојатна промена“, истакна низ смеа Јелена.

Во врска со нејзините провокативни и заводливи фотографии, таа додаде дека за сè е виновна нејзината врела крв.

View this post on Instagram

???

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

„Јас секогаш ја имам оваа треска, се надевам дека не од корона, но јас сум жешка жена. Никогаш не сум ладна, ретко носам чорапи, ретко носам нешто потопло. Кога ќе размислам, секогаш сум гола и секогаш сум најдобро облечена. Апсурд е што се случува на Балканот, дека гола жена е секогаш најдобро облечена“, открила за „Телеграф“.

Пејачката јасно стави до знаење дека „Инстаграм“ никогаш не може да биде мерило за нечиј брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот