Јелена Карлеуша и Душко се разведуваат: Кому ќе му припадне старателството над децата?

Душко Тошиќ/Јелена Карлеуша/Фејсбук
Душко Тошиќ/Јелена Карлеуша/Фејсбук

Пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ се разведуваат по 14 години брак. Карлеуша се огласи на својот инстаграм – профил со официјална изјава која ви ја пренесуваме во целост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

„Јас и Душко се договоривме да го прекинеме нашиот брак со заедничка согласност по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи договорно ќе се решаваат во следниот период. За овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да барам разбирање од медиумите бидејќи е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста, само шега и изговор за нашите животи на кои сум навикната… па ајде“, напиша Карлеуша.

„Сè преживеав, па ќе го преживеам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни натписи, целиот брачен имот се пренесува на нашите деца, старателството над нашите деца ми припаѓа мене. Секоја напишана лага ќе резултира со тужба, како и нејзиниот обем. Веќе нема да се рекламирам на ваков начин“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Јелена и Душко во бракот имаа две деца – ќерките Атина и Ника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот