Јелена Јованова: 2020 донесе вистински емоционален вртол, а на пиедесталот – Јаков!

Instagram

Македонската актерка Јелена Јованова со својот сопруг Стјепан и синот Јаков живее во Хрватска. Со хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кого се запознала за време на снимањето на серијата „Тајни“ е во брак од 2015 година, а во јуни минатата година го добија синот Јаков.

Јелена заедно со своето семејство се најде на насловната страница на хрватскиот магазин „Стори“, а со своите фанови на Инстаграм сподели една од фотографиите направена за интервјуто.

Да беше оваа година сценарио од холивудски филм, ќе речев: „Малку претеравте“. Но очигледно ќе згрешев. Вистински емоционален вртлог донесе 2020, а на врвот на пиедесталот секако е Јаков. Ќе имаме многу да раскажуваме за годината во која се роди – рече Јелена во интервјуто за хрватскиот магазин.

Instagram

Да сум жива и здрава. Бистра и реална во своите желби. Да сум среќна и да не го испуштам свилениот конец кој ме врзува за вербата и позитивноста. Тоа што треба да биде, ќе биде. Тоа што е мое, ќе дојде, па за десет години може да се преслушаме повторно и да видиме до каде сум. Ќе ми биде драго. Секако дека не гледам причина зошто фамилијата и професијата не би оделе заедно и зошто едната би ја исклучила другата – ни одговори Јелена во неодамнешното интервју за „Слободен печат“ кога ја прашавме каде се гледа себеси по 10 години.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот